Кригла Пиво

Избран официјалниот постер за Октоберфест 2014

Избран официјалниот постер за Октоберфест 2014

Традиционално, на почетокот од февруари секоја година се избира официјалниот постер за таа година за најголемиот пивски фестивал во светот. Уште од 1952 година, постерот се одбира на традиционален натпревар помеѓу кандидати од уметничките и дизајнерски училишта кои што се поканети да учествуваат на него. Секој учесник пријавува по 2 дизајни и без разлика за тоа како ќе поминат дизајните добива по 500 евра, а победничките три дизајни добиваат и додатни награди. Жирито го одбира победникот без да знае кој го нацртал победничкиот постер.

Избраниот постер за 2014 е дело на Christa Bichlmeier, дизајнерка од Минхен која за своето дело доби 2.500 евра. Годинешниот постер за Октоберфест предизвика доста полемики во германската јавност заради тоа што на него се прикажани момче и девојка како се бакнуваат. Според дел од тамошната јавност тоа не било погодно за таква традиционална манифестација. На постерот се прикажани сите препознатливи симболи на фестивалот вклучувајќи и кригла пиво, перек, рингишпил и традиционални облеки на момчето и девојката.

Октоберфест 2014 ќе се одржи од 20-ти септември до 5-ти октомври на добропознатата локација во Минхен.

Извор: Oktoberest.de

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар