Кригла Пиво

Октоберфест 2014 низ бројки

Октоберфест 2014 низ бројки

Во неделата заврши годинешното издание на Октоберфест во Минхен, а организаторите веднаш ги соопштија и проценките за бројките по кои ќе се „суди“ како помина фестивалот. Вкупно 6,3 милиони посетители од Германија и од целиот свет дошле на „Theresienwiese“ (во 2013: 6,4 милиони) од кои 610.000 се посетители на Oide Wiesn (во 2013: 540.000 посетители). Oide Wiesn се одржува паралелно и е налик на тоа како изгледал Октоберфест порано, а влезот таму се наплаќа 3 евра. Она што е најбитно, за сите фестивалски денови се испило 6,5 милиони литри пиво (во 2013: 7,7 милиони литри), а поради лошите временски услови повеќе се пиело во шаторите отколку надвор.

Од другите интересни бројки ќе издвоиме дека биле украдени 112.000 стаклени кригли од литар (во 2013: 81.000 украдени кригли), за изгубени биле пријавени: 151 дете, 530 паричници, 900 документи за идентификација, 770 парчиња облека, 400 клучеви, 31 фото апарат, 4 влезници за фудбалскиот натпревар Баерн Минхен-Хановер, 2 венчални прстени, 1 бокс за мачка, 1 iPhone 6… 🙂

Извор: Оktoberfest.de

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар