Кригла Пиво

Охридски Пиво Фест 2011

После Пиво Фест во Прилеп, следна дестинација на Кригла Пиво овај викенд беше Охридскиот Пиво Фест кој што се одржа по втор пат од 28 до 31 Јули на спортскиот комплекс Билјанини Извори. Ние ги проследивме првите 3 вечери кога на програмата беа неколку познати рок и хип-хоп изведувачи од Македонија и од поранешните ЈУ простори како: Партибрејкерс, Поздрав Азри, Рибља Чорба, Суперхикс, Конект, Бета Хаус, Тони Зен и др. Во однос на понудата на пиво и организацијата беше на слично ниво како и претходната година, но затоа имаше подобрување во делот на посетеноста. Наше мислење е дека имаше подобрување и во однос на музичкиот избор иако на тој дел треба повеќе да се поработи за следната година.

Најголем и најдобар простор имаше закупено Скопската Пивара со неколку големи штандови меѓу кои и двата веднаш до бината.  Неколку поголеми штандови имаше Златен Даб, а другите пива воглавно со по 1-2 помали штандови и стандардна понуда на пива. Од минатата година недостасуваше само Ердингер. Зачудувачки беше што и оваа година пивата беа повторно поскапи за 10-30 денари во однос на Пивофестот во Прилеп иако временската разлика е само 2 недели. Точено Скопско, Златен Даб, Лашко светло се продаваа по 60 денари, Лашко темно беше 80 денари, Paulaner и Murphy’s беа по 120 денари. Лименка 0,5 Скопско беше 80 денари, Амстел 90 денари, Лашко и Унион по 100 денари колку што беше и Хајнекен 0,33. Смоки Стоби Флипс беа 20 денари. Скопско и Златен Даб како наши најреномирани брендови имаат голем минус и во однос на точењето на самото пиво. Просекот беше 1/3 пиво и 2/3 пења.
Штанд - Златен ДабШтанд - Скопско

Штанд - ЛашкоШтанд - Пауланер

Штанд - Златен ДабШтанд - Јелен Пиво

Штанд - БексШтанд - Пелистерка

Beta HouseПартибрејкерс

ПартибрејкерсТони Зен

Рибља ЧорбаConnect

Поздрав АзриПоздрав Азри

СуперхиксСуперхикс

СуперхиксПубликата на Пивофест 2011 во Охрид

Публиката на Пивофест 2011 во ОхридПиво за миленици

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во првите 3 вечери додека ние престојувавме во Охрид, најдобрата забава ја направија нашите Суперхикс кои се потврдуваат како стандарден бенд за одлична забава на било кој од трите фестивали на пиво во Македонија. „На Лута Рана“, „Африка“ и „Ace of Spades“ беа песните на кои буквално цела публика се шуткаше и пееше заедно со Пеце кој како и секогаш добро го познава пулсот на публиката и што таа сака. Зачудувачки добро помина и раперот Тони Зен кој имаше своја верна и голема публика која ја познаваше неговата музика и ги рецитираше неговите песни. Добро беше да се виде дека публиката знае да се забавува и на македонски изведувачи. Партибрејкерс, Поздрав Азри и Рибља Чорба се бендови кои сме ги гледале последнава година низ Македонија и секогаш ќе имаат своја публика без разлика на нивните години. Сепак, очигледно е дека ваквите постари бендови треба да се заменуваат со гостувања на некои од помладите и посвежи изведувачи од соседството.

Нешто што се повтори и оваа година и воопшто не ни се допаѓа е прекумерното прскање со пиво и фрлање со празни, па дури и полни шишиња и чаши. Ние како љубители на пиво секогаш претпочитаме да го испијаме пивото наместо да го фрламе во празно. Ја разбираме еуфоријата и адреналинот на посетителите, но секогаш треба да се има мерка и граница кога е доволно. Се на се, ние сме задоволни од годинешното издание на Охридскиот Пиво Фест 2011, со надеж дека оваа манифестација ќе продолжи да живее и да се подобрува следните години. Следна станица, Пиволенд 2011 во Скопје

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар