Кригла Пиво

Новото белгиско знаме

Новото белгиско знаме

Асоцијацијата на белгиски пивари неодамна стартуваше кампања со која ја истакнува гордоста што Белгијците треба да ја имаат за своите домашни пива. „Proud of our Beers“ е кампања која што треба да ги убеди Белгијците за она што целиот свет го знае, дека тие произведуваат одлични пива кои се надалеку прочуени.

Кампањата која е дело на маркетинг агенцијата DDB Brussels има еден детал кој што е особено интересен, ново знаме на Белгија. Едноставна идеја каде во средината на постоечкото знаме каде што е жолтата боја е додадена пена на врвот со што се добива изглед на точено пиво. Дури заинтересираните можат и да си го купат знамето и да си го имаат во својата соба 🙂

Извор: BrookstonBeerBulletin.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар