Кригла Пиво

Новогодишен подарок за обожаватели на пиво

Што да им подарите за новогодишните и божиќните празници на вашите најблиски? Прашање што се поставува секоја година како се наближуваат празниците иако купувачката треска кај нас не е изразена како во Европа, САД и останатите земји.

За да ви помогнеме при изборот направивме една топ 10 листа со наши предлози за обожаватели на пиво:

1. Кригла или комплет чаши за пиво. Испробан рецепт да извлечете насмевка и задоволство со вашиот подарок. Освен тоа, секогаш кога ќе бидат употребувани ќе потсетуваат на вас.
2. Повратен билет за Октоберфест во Германија. Кој не би сакал да биде дел од најголемиот и најпознат пиво фестивал во светот?
3. Маица или дуксер со мотив инспириран од љубовта кон пивото. Зошто не и боксерици за вашиот дечко или другар? На Интернет има голем избор на креативна облека, па сигурно во некое парче ќе ја пронајдете и особата на кого што сакате да му го дадете подарокот.
4. Гајба-две пиво. Хмм звучи ок, но подобро буре со неколку литри пиво на точење. По можност и домашен апарат за точење на пиво. Или па систем за точење на пиво што се вградува во багажник на автомобил.
5. Мал фрижидер наменет само за пиво. Уште подобро ако е полн од старт. Нема љубител на пиво што не сонува да има вакво нешто во својот дом.
6. Брендирано/креативно усб. Препорачливо е за гикови кои гордо ќе го носат околу врат цело време.
7. Влезница за концерт на омилената група или омилениот фудбалски тим. Секогаш со пиво оди добра музика или добар спортски натпревар. Вистинското задоволство е ако е тоа во живо.
8. Книга од типот: „Како да направиш свое пиво“. Препорачливо за ентузијасти кои сакаат повеќе да навлезат во техниката на домашно правење пиво. За жал тешко дека ќе најдете ваква книга со македонски превод.
9. Пивска капа. Може да биде стандардна со сенка, зимска, капи какви што претежно носат навивачите на спортските натпревари или шлемови со место за ставање на лименки и цевче за пиење пиво директно од нив.
10. Отворач за пиво. Мал додаток, достапен за сечиј џеб кој е секогаш популарен и пред се употреблив.

Што би им подариле вие на пријателите и семејството за Нова Година?

Објавено на 07.12.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар