Кригла Пиво

Ново пиво од серијата Game of Thrones

Ново пиво од серијата Game of Thrones

Ommegang пиварницата и HBO го соопштија лансирањето на новото пиво „Fire and Blood“ од серија Game of Thrones. Ова пиво е инспирирано од Daenerys Targaryen и нејзините 3 змејови: Drogon, Rhaegal и Viserion. Заради тоа се направени 3 различни етикети, за секој змеј посебно и по случаен избор ќе бидат наредени во пивските гајби.

Шишињата се по 750ml. а во секоја гајба ќе има задолжително од сите 3 етикети. „Fire and Blood“ е црвен ејл со 6.8% алкохол кој ќе започне со официјална продажба од 31 март заедно со почетокот на четвртата сезона од популарната серија. Сепак први да го пробаат ова пиво ќе имаат посетителите во белгиската пиварница кои ќе можат да си го купат од 16 март.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар