Кригла Пиво

„Чаршиско“- ново македонско пиво!

„Чаршиско“- ново македонско пиво!

Македонија станува побогата за уште еден домашен пивски бренд. Сопствениците на Пивница „Стар Град“ решија да ги изненадат своите гости со пиво од домашно производство. Пивото се вика „Чаршиско“, именувано по најпрепознатливиот дел на Скопје – Стара Скопска Чаршија каде што и се наоѓа пивницата. За почеток ова пиво ќе се пие во светла варијанта, а понатаму се планира да се започне и производство на темно пиво.

Пивото се подготвува со најсовремени методи исто како и во секоја голема пивара, но разликата е во тоа што за првпат во Македонија имаме бренд препознатлив за еден локал, односно „Чаршиско“ ќе биде заштитен знак на пивницата, а на странците ќе им се нуди под името „Old Town”.

Наскоро следува промотивен период во кој гостите ќе можат бесплатно да го дегустираат и оценат пивото, а понатаму ќе се продава по цени достапни за секој кој сака да го проба „Чаршиско“.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар