Кригла Пиво

Нови реклами на Heineken

Пред неколку месеци, Heineken го лансираше рекламниот спот насловен „The Entrance“ кој што има повеќе од 4 милиони прегледи на YouTube. Деновиве излезе неговото продолжение кое се вика „The Date“ и е доста слично на првото видео со нагласен боливудски шмек. Слоганот на двата рекламни спота е „Open Your World“ што има за цел да ја нагласи отвореноста, самоувереноста и глобалноста на Heineken брендот но и на Heineken потрошувачите. Пораката е јасна, иако ние од Кригла Пиво и не гледаме баш причина за таква експанзија на овие 2 спота. Повеќе ги сакаме другите нивни кампањи. Двата спота се дело на рекламната агенција „Wieden + Kennedy“ од Портланд.

За разлика од „The Entrance“ и „The Date“ ова е нешто многу поедноставно, но сепак нешто што ни се допаѓа повеќе. Рекламниот спот што го промовира новото Heineken паковање за холандскиот пазар – „Tapje“ наменето првенствено за домашни забави. Направено да го собира во фрижидери, атрактивно на изглед и што е најважно, евтино. Секако, проследено и со одлична реклама. Колку луѓе може да собери во вашата кујна?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

Додади нов коментар