Кригла Пиво

Нови предупредувања на пивските етикети

На интернет постојат неколку извори за новите предупредувања што би требало да бидат ставени на пивските етикети, а ние се обидовме да ги издвоиме најинтересните и да ги преведеме на македонски:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол е главната причина за танцување како ретардиран!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да им кажувате на вашите пријатели по неколку пати колку многу ги сакате!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека знаете да пеете!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека вашите бивши „умираат“ за да ве слушнат во четири часот наутро!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да се прашувате што по ѓаволите се случило со вашиот градник!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека сте попаметни, побрзи и поубави од другите луѓе!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека сте невидливи!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека шепотите, а во стварноста да врескате!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирањето на алкохол може да ве натера да мислите дека другите луѓе се смеат заедно со вас!

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар