Кригла Пиво

Нова бизарна реклама на Жан Клод Ван Дам за Coors Light

Жан Клод Ван Дам за Coors Light

Мислевме дека се откажаа, ама не. Coors Light направија уште една бизарна (или мизерна?) реклама со Жан Клод Ван Дам во главната улога. Добро, сфаќаме дека сакаат да ни прикажат колку ќе не освежи нивното пиво на овие горештини, но можеле да смислат далеку покреативен пристап за тие 500.000 фунти што ги потрошиле.

Рекламава не ни се допаѓа, а богами со ваков промотивен материјал немаме ни желба да го пробаме нивното пиво. Но, од компанијата викаат дека појавувањето на Ван Дам им го зајакнал брендот на пазарот во претходната година. Доколку е тоа вистина би можеле да очекуваме уште некоја слична реклама во наредниот период.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар