Кригла Пиво

Norte Photoblocker

Norte фотоблокаторЗа среќа кога се снимаше „The Hangover“ не беше измислен блокаторот за слики од Cerveza Norte и можевме да уживаме во најинтересниот дел, сликите од ноќните лудувања на крајот од филмот. Аргентинскиот бренд на пиво, Cerveza Norte е познат по иновативните рекламни кампањи кои ги реализираат заедно со рекламната агенција Del Campo Nazca Saatchi & Saatchi.

Блокаторот на слики (Photoblocker) е нов футуристички производ наменет за во дискотеки и ноќни клубови чија задача е да го чува пивото ладно, но и да ве штити од несаканите папарацо фотографии кои следниот ден можат да ви го загорчат животот. Функционира на принципот на препознавање на блицовите од фотоапаратите и мобилните уреди и рефлектира назад моќен отсјај кој што ги прави сликите непрепознатливи.

Мотото на рекламните спотови е „Што се случило во клубот, останува во клубот“ и прикажува повозрасни и женети мажи што се забавуваат со девојки или вработени што им се прикрадуваат во фотографиите на своите шефови. Без фото блокаторот тие слики можат да доведат до развод или бркање од работа. Според Norte, засега овие уреди биле поставени и тестирани во неколку барови во Северна Аргентина. Иако идејата и целата кампања е за поздравување, не е тешко да се заклучи дека во реалноста не функционираат баш како во рекламите.

Објавено на 02.12.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар