Кригла Пиво

Newcastle Brown Ale: Реклами без глупости

Англискиот бренд на пиво Newcastle Brown Ale започна со хумористична и агресивна кампања на територијата на САД со која меѓу другото ги исмеваат останатите пива и нивните реклами. На еден од нивните надворешни постери директно атакуваат на Stella Artois и нивната реклама со „Chalice“ чашата за пиво. Кампањата која вклучува телевизиски, печатени и реклами за во пабовите е наречена „No Bollocks“, а ја реализира агенцијата „Droga5“.

Според нив, тие само сакаат да бидат искрени со нивните потрошувачи, да го презентираат хуморот кој што е карактеристичен за Њукасл и тоа да го прикажат со нестандарден пристап притоа не ветувајќи ништо што потрошувачите нема да го добијат. Погледнете ја подолу мини-галеријата и трите телевизиски реклами.

Newcastle Brown Ale: Brewer

Newcastle Brown Ale: Schooner – Glass

Newcastle Brown Ale: Schooner – Believe

Објавено на 05.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар