Кригла Пиво

Natty Light: Прво пиво во вселената

Германските трешери Танкард од поодамна сонуваат за „Space Beer“, а американскиот бренд Natty Light го претвори тоа во реалност и сега го имаме првото пиво од вселената. Иако останува нејасно дали висината од 90 000 ft односно 27.43200 километри според Гугл, можеме да ја наречеме вселена.

Нивната приказна е дека двајца фанови, Danny и Rich се обратиле на Facebook страницата со идеја дека сакаат да испратат пиво во вселената со weather balloon. Нив им се допаднала идејата и им помогнале во реализацијата, бил спремен балонот, спакувани пивата, поставен gps локатор и поставена HD видео камера која ќе го снима целиот лет кој траел околу 2 часа.

Во продолжение и обработеното видео:

Не требаше долго време да се открие дека сепак ова не е баш спонтан настан туку добро испланиран од професионална маркетинг агенција. Идејата е одлична иако лажењето на купувачите нема никакво оправдување. Сигурно дека никој немаше да им замери доколку беа искрени дека самите си го организираат тоа и повторно виралниот ефект немаше да изостане. Вака останува како дамка во целиот проект.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар