Кригла Пиво

Наскоро повторно пиво од Битолска пивара

Битолско ПивоСе сеќавате на Битолско пиво и Kenbach, двата брендови на Битолска пивара? На пазарот не се задржаа долго време, но ќе останат запаметени како први македонски пива кои се појавија во пластична амбалажа од 1,5л. Во тоа време пиварницата од Битола беше во сопственост на инвеститор од Турција кој најавуваше не само развој туку и носење на познати странски брендови во Македонија. Од тоа не се оствари ништо и набргу пиварницата замина во стечај, а производството на пиво беше целосно замрено.

Пред скоро 1,5 година на лицитација пиварата беше продадена на компанијата „Марди“ од Радовиш. Дури сега пред крајот на 2011 година новите сопственици најавија дека за помалку од 1 месец ќе стартува новото производство. Уште од старт на пазарот ќе се пласираат 2 врсти на пиво, за кои не знаеме дали ќе бидат целосно нови или ќе се рестартира производството на оние пива што ги знаеме.

И покрај тоа што во Македонија има веќе 5 различни врсти на пиво, секогаш има простор за уште некое ново. Особено што квалитетот на истите наместо да се подобрува оди во надолна линија. Да се надеваме дека Битолската пивара ќе излезе на пазарот со квалитетен производ и повторно ќе изненади со нешто ново од маркетиншки аспект.

Објавено на 11.11.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. vlatko December 2, 2011 во 8:30 pm

    Se slozuvam deka ima prostor za drugi piva no mislam deka ovaa pivara nema kako prvo tradicija za dobro pivo koe bi mu konkuriralo na pivata kako Z.Dab K.Marko itn.Sigurno treba da pomini dosta vreme za da se priblizat,

Додади нов коментар