Кригла Пиво

Кои се најпребаруваните пива за 2014 според Google?

Кои се најпребаруваните пива за 2014 според Google?

Google ја објави својата годишна листа на најпребарувани термини во светот каде што покрај eболата и смртта на познатиот актер Робин Вилијамс забележително е огромното пребарување на термините за храна. Така како пример зборот Pizza има вкупно повеќе пребарувања од World Cup (светското првенство во фудбал кое што беше топ настан за 2014). Од интересните податоци врзани за храната, кинеската храна била глобално многу повеќе пребарувана отколку француската и италијанската. Јапонците многу повеќе пребаруваат за француска храна него ли жителите на Франција.

Она што нас најмногу нè интересира е кои се десетте најпребарувани пива за 2014 година? Ова е ранг листата:
1. Budweiser
2. Corona
3. Keystone
4. Miller
5. Blue Moon
6. Coors
7. Bud Light
8. PBR
9. Modelo
10. Sierra Nevada

Изненадувачки е дека на неа нема многу од големите популарни брендови како Heineken, Amstel, Carlsberg, Tuborg, Snow, Skol…

Што се однесува до рецептите, еве што најмногу се барало да се готви на Google оваа година:
1. Chicken recipes
2. Meatloaf recipe
3. Banana Bread recipe
4. Pancake recipe
5. Chili recipe
6. Crock pot recipes
7. Lasagna recipe
8. French Toast recipe
9. Guacamole recipe
10. Pork Chop recipes

Извор: Foxnews.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар