Кригла Пиво

Најдобрите пабови во Лондон [веб сајт]

Најдобрите пабови во Лондон

Доколку планирате да го посетите Лондон во скоро време, тогаш londonist.com/pubs е веб страната која што мора да ја ставите во фаворити. Иако е сè уште во бета верзија, сајтот има доволно голема база на пабови во различни делови на градот со соодветни коментари од уредниците и читателите.

Освен мапата по која може да се раководите како да стигнете до секој паб, ги имате основните информации како работно време, контакт телефон, веб и фејсбук страна, твитер профил и по неколку фотографии од секој паб. Единствено недостигаат информации за достапните пива и цените, но за тоа ќе мора во живо да се уверите или да побарате на сајтовите од секој паб поединечно 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар