Кригла Пиво

Најдобриот изговор на светот

Аргентинскиот бренд на пиво, Cerveza Norte и маркетинг агенцијата Del Campo Nazca Saatchi & Saatchi освоија злато на Clio Awards за интегрираната маркетинг кампања „Најдобриот изговор на светот“. Мажите од северот на Аргентина имаа потреба од добар изговор пред своите жени и девојки за да излезат со другарите на по некоја кригла пиво во локалниот бар. Cerveza Norte им смисли одличен план. За секое испиено Norte пиво во пабовите, компанијата распределува 1 минута за извршување на добро дело. Бројчаници со точниот број на минути биле поставени на улиците, а истите можело да се следат и на Интернет.

Точно 50.043 минути биле собрани за извршување на добри опшествени дела спонзорирани од Norte. Обновувања на училишта, паркови, споменици, дрвореди и чистења на езера биле дел од оваа кампања која за брзо време го привлекла вниманието на аргентинската јавност. Сликите од обновените места се ширеле во сите медиуми. Можеби скапа, но одлична вирална кампања за зајакнување на својот бренд на пазарот.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар