Кригла Пиво

Најава за Webit 2012

Кригла Пиво September 5, 2012 е-Кригла 1 Comment on Најава за Webit 2012

Минатата година бевме на Webit во Софија и супер си поминавме дружејќи се и слушајќи ги говорниците од познатите светски компании. Оваа година, интернационалниот настан за дигиталното, технолошкото и претприемачкото опкружување со специјален фокус на растечките пазари во Европа, Азија и Средниот Исток ќе се одржува на 10-ти и 11-ти октомври во Истанбул.

Webit 2011

Најавени се повеќе од 150 говорници од врвните светски компании, повеќе од 103 часови конференциска програма, над 6.000 посетители од шеесетина земји, 7 различни, паралелни конференции и голем број излагачи на саемот за компании. Webit ги собира на едно место дигиталните, телекомуникациските и иновативните пионери, инвеститори, претприемачи, владини претставници и менаџери на најголемите компании како Google, Yahoo!, eBay, Facebook, Microsoft, BBC, Coca-Cola итн.

Некои од говорниците што ќе се појават на главната конференциска сцена се: Henri Moissinac (Facebook), Laurent Le Moal (Paypal), Christine Overby (Forrester Research), Sandy Carter (IBM), Mustafa Icil (Google), домаќинот Plamen Russev и многу други. Освен панелите кои се со платени влезници, двата дена се одржуваат и бесплатни семинари за кои е потребна само регистрација. Друг начин за бесплатно да присуствувате на Webit е да се пријавите како волонтер со што ќе придонесете за организацијата, можете да ја почувствувате атмосферата и да слушате дел од предавањата.

Конференцијата се фокусира на повеќе значајни полиња како мобилниот маркетинг, телекомуникациите, претприемништвото, технологијата, развојот на апликации, социјалните медиуми, е-маркетингот или  е-трговијата. Целосната дводневна агенда можете да ја погледнете на следниов линк. Како новина оваа година беше старт-ап предизвикот со кој на 21 победник им се овозможи да се претстават на Webit пред публиката и инвеститорите.

За сите други детални информации, говорници, саатница како и регистрација за годинешното издание на Webit посетете ја официјалната веб страна www.webitexpo.com. Се гледаме во Истанбул во „Lutfi Kirdar ICEC“ центарот и на турско пиво, се разбира.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар