Кригла Пиво

Награден анимиран филм за пиво

Награден анимиран филм за пиво

Анимираниот краткометражен филм „Einfach besser! Bier aus Baden-Württemberg“ или во превод „Едноставно подобро! Пиво од Baden-Württemberg“ во средата на 15 мај освои награда на World Media Festival кој што се одржуваше во Хамбург. Овој анимиран филм ја доби наградата „Intermedia-globe silver“.

Нарачател на филмот кој трае 3 минути и 12 секунди е сојузот на производители на пиво од Baden-Württemberg, а чини 25.000 евра. Содржината се однесува на производството на традиционалното пиво во оваа област и асортиманот што го нудат пиварите. За жал достапен е само на германски јазик, но тоа не е причина да не се погледне видеото подолу.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар