Кригла Пиво

Motorhead со свое пиво

Рокенрол легендите Motorhead промовираа сопствен бренд на пиво, Bastards Lager кој содржи 4,7% алкохол. Шведската пиварница Krönleins е задолжена за неговото производство и за жал засега ќе се продава само во оваа земја. Претходно свој алкохолен пијалак промовираа уште неколку познати рок бендови како Slayer, KISS и AC/DC.

Минатата година англискиот бенд го пушти во продажба виното Motörhead Shiraz од кое се продадени повеќе од 250.000 шишиња. Освен виното, претходно на пазарот се појави и Motörhead Vodka. Тапанарот на групата, Mikkey Dee промовирајќи го Bastards Lager изјави: „Никогаш не сте доволно стари за рокенрол и добро ладно пиво. Тие две работи секогаш добро се надополнуваат“

Според описот што е даден од дистрибутерот „Brands For Fans“, Motorhead Bastards Lager претставува освежително, овошно пиво со прекрасни карактеристики на светол слад. Лесно е за пиење иако го има хард-рок нагласокот. Пивото е совршено за пиење во ситуации кога имате голема потреба за ладно пиво како летни излети или скара пикници зачинети со гласна музика. Квалитетно пиво што ќе биде ценето од сите рокенрол фанови без разлика на нивната возраст.

Пивото е лесно препознатливо бидејќи на етикетата од шишето го има логото на Motorhead. Се продава во цела гајба со 24 шишиња од 0,33ml. Последниот албум на Motorhead „The World Is Yours“ кој го промовираа во декември, 2010 година беше јубилеен 20-ти во 27-годишното постоење на бендот.

Објавено на 15.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар