Кригла Пиво

Мото Фест 2011

Традиционалниот моторџиски фестивал организиран од „Ноќни Волци“ оваа година го донесе враќањето на сцената на метал бендот Санаториум. Тие настапија во саботата на 11 Јуни, вториот ден од фестивалот. Првиот ден настапуваа: Uikeda, Brchki Rock Band и Day Off.

Како загревање за Санаториум настапи прилепскиот блуз бенд, CrossRoad Blues Band со повеќе блуз кавери и некои од нивните најпопуларни песни како „Комуналец Блуз“, „Паркинг Бој“ и новата песна „Гладен Блуз“.

CrossRoad Blues BandCrossRoad Blues Band

 

 

 

 

 

 

Санаториум се појавија на сцената после 7 години од нивниот последен настап на скопскиот Саем. Немањето соодветни технички услови, бина, озвучување, осветлување се главните причини за големата концертна пауза. Ниту каснењето со почетокот на свирката не беше причина за намалување на еуфоријата кај публиката која долго го чекаше настапот на својот омилен македонски метал бенд. Сите заедно уживавме во добро познатите: „Без разум и свест“, „Во себе умирам“, “Удобен ковчег“, „Операција на мозокот“ и скоро цела нивна дискографија. Песната „Град“ му ја посветија на Мартин Нешкоски, момчето што беше брутално убиено на скопскиот плоштад од страна на полициски специјалец.

Санаториум

Санаториум

 

 

 

 

 

 

Во своите најдобри времиња, Санаториум беа предгрупа на големите светски метал бендови Motorhead, Slayer и Soulfly. После концертот на Кале најавуваат и враќање кон авторската музика и издавање на нови синглови. Нивната верна публика во саботата докажа дека го заслужува тоа.

СанаториумСанаториум

 

 

 

 

 

 

За затворање на Мото фест-от се погрижија момците од Very White со кавери од најпознатите светски рок бендови. Фестивалот помина во одлична атмосфера со присуство на моторџии од повеќе балкански држави.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар