Кригла Пиво

Мотивирање на вработените со бесплатно пиво

Бразилската агенција JWT Casa смислила интересен начин за да ги мотивира своите вработени на крајот од работната недела да ги комплетираат временските листови со завршените задачи (timesheets). Во своите простории тие поставиле фрижидер со бесплатно пиво кој е електронски заклучен и се отклучува само тогаш кога сите неделни временски листови ќе бидат компјутерски комплетирани 100%, секој петок.

Потполнувањето на овие листови е последното нешто што се прави во работната недела и затоа знае да биде доста напорно и исцрпувачки. Иако потполнувањето на временските листови е задолжително за сите вработени, од агенцијата истакнуваат дека сакале тоа да го направат да биде малку позабавно. Ако судиме според видеото што е во прилог, очигледно е дека кога ќе се отвори фрижидерот сите вработени уживаат во забавата со бесплатно пиво на работното место.

Знаете некој локален пример за слично мотивирање на вработените? Еве добра идеја за македонските претприемачи да им понудат на своите вработени плус задоволство.

Објавено на 26.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар