Кригла Пиво

Пивски дневник од Moleskine

Пивски дневник од Moleskine

Пивскиот дневник од Moleskine ќе им биде од корист на сите љубители на пивото кои сакаат да патуваат, да пробуваат нови пива и своите импресии да ги запишуваат на традиционален начин, на хартија. Во дневникот кој има 240 страни, можете да ги запишувате основните информации за пивата кои ги пиете, како ви се допаднале, а има и простор да го запишете и рецептот доколку го најдете и сакате да пробате сами да го направите.

Дизајнот е типичен за овој добро познат италијански бренд за тетратки, нотеси, дневници и сл. Пивскиот дневник можете да го купите по цена од 20 долари на официјалниот веб сајт.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар