Кригла Пиво

Познати победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Познати победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Фестивалот Пиволенд ги објави победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти, кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот. По преслушувањето на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи, жири комисијата се одлучи за следните бендови:

• Problem Solved
• Smoke Shakers
• Tyte (drom records)
• Spank
• Marlon Brando Bаnd
• The Autor

Тие ќе добијат шанса да бидат дел од главната сцена на овогодинешниот фестивал, кој ќе се одржи од 20 до 24 август на Скопското кале и да настапуваат со познати македонски бендови и артисти како Леб и Сол, Мизар, Д Џон итн.

Поради огромниот интерес од страна на младите македонски авторски бендови, артисти и диџеи, организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ-„Фреш“ на кој ќе можеме да ги слушнеме сите нови имиња чие време допрва доаѓа.

Извор: Pivolend.com.mk

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар