Кригла Пиво

Metallica со своја лимитирана серија на пиво во Quebec

Metallica, најпознатиот метал бенд на сите времиња, во партнерство со канадската пивска компанија Labatt ќе произведе лимитирана серија на свое брендирано пиво.

Металика

Пивото ќе биде достапно веќе од 28 септември на територијата на Quebec. Металика претходно ќе одржи 2 концерти на 14.09 и 16.09 на отворањето на новиот Centre Vidéotron во Quebec City кој што ќе ја замени арената Colisée Pepsi како главно место за големи настани од затворен тип во овој град.

Metallica со своја лимитирана серија на пиво во Quebec

Пивото ќе може да се купи само во лименки, во пакување од 15 и 24 парчиња, a бројот на лименки ќе биде ограничен на 91,000. Групата пред некое време изјави дека работи на новиот десетти студиски албум, но засега нема информации кога би влегле во студио да го снимаат. Нивниот последен албум беше издаден уште во 2008 година.

Извор: Blabbermouth.net

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар