Кригла Пиво

Во петок е меѓународниот ден на пивото 2014

Во петок на 1-ви август по седми пат ќе биде прославен меѓународниот ден на пивото низ целиот свет. Настанот има за цел да се наздрави во чест на тие што обожаваат пиво но и на тие што го произведуваат и сервираат до сите љубители.

Во петок е меѓународниот ден на пивото 2014

Како да се подготвите за меѓународниот ден на пивото?

  • Прашајте во вашиот омилен паб или кафуле дали ќе го слават празникот на пивото и дали ќе имаат некакви специјални понуди тој ден.
  • Набавете пиво за вас и вашите пријатели. Обидете се тоа да биде некое ново или невообичаено пиво кое не го пиете често.
  • Кажете им на вашите пријатели за настанот и заедно прославете го. Во друштво пивото е секогаш повкусно и позабавно 🙂

Мало потсетување дека идејата потекнува од 2007 година од Jesse Avshalomov и неговите пријатели, а за прв пат е реализирана во 2008 година. Тие го замислиле настанот како можност да им покажиме на пиварниците и пабовите низ целиот свет колку ги почитуваме заради тоа што ни овозможуваат да уживаме во пивото, а учесниците се поттикнуваат да ги почестат своите пријатели со пиво и да искажат благодарност кон оние што ги служат со истото. Исто така, се сугерира да се избегнуваат локалните пива и да се консумираат поразлични странски брендови со цел запознавање на други култури и нови пива.

Не заборавајте да ни пратите и некоја слика од прославата на Facebook 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар