Кригла Пиво

5-ти Август – Меѓународен ден на пивото

Meѓународен ден на пивотоНа 5-ти Август ќе биде прославен Меѓународниот ден на пивото во сите локални пабови, ресторани, пивници, пиварници, градини односно на сите места каде што можат да се соберат љубителите на пивото. Уште една причина или изговор да се напијате неколку кригли пиво со вашите пријатели и да покажите колку го сакате пивото и дека се гордеете со тоа.

Меѓународниот ден на пивото има прогласено 3 главни цели за славење на овај ден:

1. Да се собериме со пријателите и да уживаме во вкусот на пивото
2. Да покажеме почитување кон сите луѓе што учествуваат во правењето и служењето на пивото
3. На овај ден да се зближат луѓето од целиот свет под знамето на пивото со славење на пивата од различните народи и култури.

Меѓународниот ден на пивото е шанса да им покажиме на пиварниците и пабовите низ целиот свет колку ги почитуваме заради тоа што ни овозможуваат да уживаме во пиењето на овај напиток. Учесниците се поттикнуваат да ги почестат своите пријатели со пиво и да искажат благодарност кон оние што ги служат со истото. Исто така, се сугерира да се избегнуваат локалните пива и да се конзумираат поразлични странски брендови со цел запознавање на други култури.

Меѓународниот ден на пивото беше замислен од Jesse Avshalomov во 2007 година како локален настан во блискиот паб, меѓутоа набрзо идејата се прошири во целиот свет. Време е оваа година и ние во Македонија да се вклучиме во прославата. Пријавете го вашето учество на официјалниот Фејсбук настан.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

Додади нов коментар