Кригла Пиво

Меѓународен ден на пивото 2012

Одбележувањето на меѓународниот ден на пивото веќе стана традиција и 5-та година по ред ќе биде прославен на 5-ти август низ целиот свет.

Идејата потекнува од 2007 година од страна на Jesse Avshalomov и неговите пријатели, љубители на пивото, а за прв пат е реализирана во 2008 година. Минатата година биле пријавени официјално 278 прослави во 138 градови и 23 земји. За оваа година досега се најавени 334 планирани настани во 193 градови и 46 различни држави. Меѓу нив ја има и Македонија. Пријавено одбележување има плажата „Оревче“ на Градиште каде се планира „happy hour“ на пиво цел ден и специјални, ефтини пивски коктели. Сè уште не е доцна да се пријавите доколку планирате официјално одбележување на меѓународниот ден на пивото во вашиот град односно во вашето омилено место за пиење на пиво.

Повеќе за меѓународниот ден на пивото можете да прочитате на официјалната веб страна или да го прочитате нашиот напис од минатата година. На кратко, прославувањето е со собирање на вашите пријатели во омиленото кафуле/паб каде се пие пиво и се наздравува во чест на сите оние што ви овозможиле да уживате во неговото величество.

Како и каде планирате да го прославите празникот на пивото? Ги чекаме вашите фотографии од прославата на нашата фејсбук страна или твитер профил. Епа, нека ни е честит денот и за многу години 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар