Кригла Пиво

Му провалиле мечки и му испиле 100 лименки пиво

Неколку мечки провалиле во викенд куќичка во Норвешка и испиле повеќе од 100 лименки пиво кои таму ги чувал сопственикот. Според приказната, мечките преку прозорецот влегле во куќичката. Внатре ја испиле сета залиха на пиво, ја изеле сета храна вклучувајќи ги чоколадата и слаткото, го уништиле целиот мебел и сите кујнски апарати.

Сопственикот, Even Borthen Nilsen заклучил дека му влегле мечки по отпечатоците на прозорците и изметот што бил пред куќичката која се наоѓа во Jarfjord. Тој се сомнева дека фамилијата мечки можат повторно да се вратат по храна и пиво кај него или кај некои од неговите соседи.

Епа дечки, кријте го пивото од мечки 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар