Кригла Пиво

Mastodon имаат ново пиво – Black Tonguе

Mastadon имаат ново пиво - Black Tonguе

Прогресивните металци од Атланта, Mastodon го лансираат своето второ пиво кое го именуваа по една своја песна – Black Tonguе. Пивото кое е со 8.3% алкохол и спаѓа во групата Double Black IPA е направено во соработка со Signature Brew од Лондон, Англија. Ќе се дистрибуира од почетокот на декември само во шишиња од 330мл.

Signature Brew, која постои од август 2011 работи со музичари и креира пиво во склад со нивниот посебен музички и пивски вкус. Mastodon, своето прво пиво го промовираа како дел од Sonisphere Festival во 2009 година, но во лимитирана серија од само 200 шишиња.

Погледнете го и нивното промо видео:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар