Кригла Пиво

#MashTag: Првото твитер пиво

Шкотската пиварница Brew Dog го претстави #MashTag, American brown ale пиво направено од корисниците на социјалните медиуми кои што гласаа за сè што е поврзано со него од процентот на алкохол до изгледот. Името на пивото е инспирирано од твитер хаш-тагот и зборот „Mashing“ односно додавањето на слад како прв процес при производството на пиво.

#MashTag: Првото твитер пиво

Сите фанови можеа да гласаат на Facebook, Twitter и компанискиот блог за името, изгледот, состојките, типот на хмељ кој ќе се користи и сл. Резултатот од гласањето е создавањето на #MashTag, пиво со 7.5% алкохол од хмељ од Нов Зеланд кое е одлежано во лешници и дабови иверици.

Портпаролката на пиварницата изјави дека ова е пиво за луѓето од луѓето, сакајќи да ја потенцира моќта на самите корисници која им ја овозможуваат социјалните мрежи, а задача на компаниите е да ги послушаат своите фанови. Вкупно биле регистрирани околу 5.000 гласови на трите социјални медиуми.

Иако според Mashable ова не е првото твитер пиво, ниту едно од неговите претходници не ја искористи моќта на социјалните мрежи за целосна контрола на процесот на создавање на пивото како Brew Dog и затоа може да го земеме како првото целосно пиво создадено со „краудмапирање“. Пиварниците кои претходно создадоја пиво со помош на корисниците на социјалните медиуми се: 21st Amendment Brewery, Odell Brewing и Sam Adams.

#MashTag е достапно за пиење во одредени барови низ Велика Британија, а може да се нарача и онлајн. Едно шише од 330мл чини £2.69, а доколку се одлучите за пакување од 6 пива тоа ќе ве чини поефтино.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар