Кригла Пиво

Маринада од пиво и ѓумбир

За подготовка на вашиот викенд ручек или вечера, овојпат имаме предлог за маринада која најмногу одговара за говедско месо. Можеби досега немате пробано ваков начин на подготовка на месо, но верувајте дека вреди да се проба овој нов начин, кој не само што го прави месото полесно за подготвка, туку и повкусно.

Маринада од пиво и ѓумбир

Потребни состојки:

  • 1 и пол чаша пиво
  • ½ чаша маслиново масло
  • 2 големи лажици ситно исечкан свеж ѓумбир
  • 2 чешниња ситно сецкан лук
  • Рендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки и промешајте. Потоа потопете го месото во садот, внимавајќи истиот да биде со приближна големина како парчето месо, за да се покрие поголема површина; односно не би сакале да го ставите месото да се маринира во огромен сад и поради тоа да не го добие потребниот вкус и арома од маринадата.

Покријте го садот и оставете го месото да се маринира доволно долго за да ги впие аромите, односно од најмалку 6 часа до 48 часа. Исто така неопходно е повремено да ги превртувате парчињата месо, за аромата да се впие од сите страни.

Маринадата подоцна можете да ја искористите при термичката обработка, односно приготвувањето на самото месо.

На почетокот напоменавме дека маринадата најмногу одговара за говедско месо, но тоа не значи дека вие не можете да ја приготвите и за свинско, јагнешко или пилешко 😉

Фотографија: caviartaste.wordpress.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар