Кригла Пиво

Бесплатно слушајте ја музиката на Марас

Марас е првиот македонски пагански блек метал бенд кој постои од 2003 година. Звукот на нивните првични творби варира најмногу околу black metal и експериментирање со амбиент и електронски звуци.

Maras, Macedonian pagan black metal band

По издавањето на нивниот дебитантски албум „Раскол“ (во кој се забележува интензивно влијание на македонската традиционална музика), бендот продолжи со издавање на уште две сингл песни, „Душосушци, очопии“ (2009) и најновата песна „Миење на светците“ (2012), која воедно е и најава за правецот во кој ќе се движи музиката на Марас.

Овој македонски бенд продолжува со експериментирање и себепронаоѓање, со надеж на создавање на уште многу одлични и квалитетни авторски песни.

Членови на бендот се:

Андреј Караџоски – вокали, гитара
Горан Илиевски – бас
Владимир Димитровски – гитара
Ристо Алчинов – тапани

Албумот „Раскол“, кој е самостојно издаден можете бесплатно да го преземете овде. Првото издание на Марас ги содржи следниве 7 песни:

1. Чортова долина
2. Низ ридовите на изгубената земја
3. Покрст (по патот слепци одат)
4. Во слава на Триглава
5. Син на мудроста и волкот
6. Илјада и четириесетта
7. Нека гори огнот пагански

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Магдалена Јовеска е дипломиран економист на отсек е-бизнис. Практичните и работните ангажмани ги има остварено во полето на интернет маркетинг, едукативен консалтинг и нови медиуми.

Додади нов коментар