Кригла Пиво

Македонско темно пиво?

Во денешниот број на Утрински Весник, новинарот Горан Адамовски во својата колумна пишува за темното пиво и зошто досега во Македонија не се произведувало ваков тип на пиво. Заклучокот е прилично јасен, малиот пазар во Македонија и потребните финансиски и технолошки вложувања во вакво пиво. Желба има кај љубителите на пивото, но не и кај пиварниците кои немаат предвидено наскоро вклучување на темно односно црно пиво во својот асортиман.

Засега ќе мора да се задоволиме со неколкуте увезени темни пива кои и онака тешко се најдуваат во нашите маркети и кафулиња. За да го прочитате целиот текст кликнете на насловот од колумната: „Останавме жедни за црно пиво“

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар