Кригла Пиво

Македонски музички бендови на Пиволенд 2015

Оваа година како и изминатите, веќе во континуитет и традиционално, Пиволенд во својата програма вклучува претежно домашни изведувачи, бендови и диџеи. На тој начин, Пиволенд ја дава својата поддршка на Македонската музичка сцена, а големата посетеност во изминатите години е доказ дека македонската музика и те како има публика и почитувачи.

Суперхикс

На овогодинешното издание на фестивалот ќе ги слушаме легендарните Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела и многу други.

Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд Бркови од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска, бенд кој остави огромен впечаток на овогодинешниот Баскерфест. Врвно музичко задоволство ќе ни приреди Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со повеќе од 500 концерти годишно.

Како надополнување, следејќи го примерот од изминатата година, Пиволенд и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија и заедно со Бла Бла ТВ го најавуваат вториот стејџ на кој ќе се претстават повеќе од 30 музичари и диџеи. Најдобрите 5 ќе имаат шанса да настапуваат и на главиот стејџ на Пиволенд, секој ден од 19 часот.

Од 2ри до 6ти септември, за љубителите на пиво и музика, петдневен пивски рај во Скопје!

Дојди! Види! Испиј!
Пиволенд 2015!

Извор: Пиволенд.ком.мк

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар