Кригла Пиво

Македонија-Шведска (ЕП во ракомет, Србија 2012)

Македонската ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација вчера го одигра првиот натпревар на европското првенство за мажи во Србија каде ремизираше 26-26 со неколкукратниот европски и светски шампион Шведска. Во Ниш се присутни огромен број навивачи од сите делови на Македонија кои ја исполнија салата Чаир и направија фантастична атмосфера и беа најгласни тогаш кога им требаше помош на нашите момци. Се очекува истата атмосфера да се повтори и на следните 2 натпревари од првата фаза против Германија и Чешка.

Во продолжение фото галеријата што ја направивме пред почетокот и за време на натпреварот, но и после завршувањето на истиот во македонската фан зона каде пристигнаа и ракометарите, а од нивно име Кире Лазаров им се заблагодари за поддршката.

Објавено на 16.01.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар