Кригла Пиво

Македонија меѓу земјите со најлошо пиво во Европа?

Thrillist, познат портал за храна и пијалоци направи рангирање на сите држави во Европа според пивата што се произведуваат во секоја земја. Македонија е рангирана на 43-тото место како една од земјите со најлошо пиво, зад нас останувајќи само Сан Марино, Лихтенштајн, Монако и Ватикан.

Изненадувачки од соседите прилично лошо е рангирана Србија на 39-тото место иако последниве години кај нив пивската сцена направи своевиден бум со појавата на доста микро пивари кои произведуваат високо квалитетни craft пива. Пред нас се рангирани Андора, Белорусија и Црна Гора, а пред Србија се рангирани Малта, Албанија, Молдавија, Косово, БиХ и Кипар.

Македонија меѓу земјите со најлошо пиво во Европа?

И покрај тоа што сите знаеме дека пивата што се произведуваат во Македонија претежно се комерцијални лагери, немаме преголем избор ниту првокласен квалитет за да се пофалиме, сепак сме сигурни дека на оваа листа заслужуваме да се наоѓаме барем некое место погоре. Авторите нагласуваат дека не биле во можност да патуваат во секоја од овие земји и да се уверат во квалитетот на пивата, но останува чудно кои интернет извори ги користеле при рангирањето на секоја држава.

Високо на врвот на 3-тото место се наоѓа Холандија која е пред земји со познати пивски сцени како Чешка, Ирска или Велика Британија. Чудно високо место завзема и Италија која се наоѓа на 6 позиција. Како земја со најдобро пиво во Европа е рангирана Белгија пред Германија на второто место. Топ 15 листата изгледа вака:

15. Норвешка
14 Полска
13. Словачка
12. Франција
11. Шпанија
10. Чешка
9. Шведска
8. Австрија
7. Ирска
6. Италија
5. Данска
4. Велија Британија
3. Холандија
2. Германија
1. Белгија

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар