Кригла Пиво

Македонија-Германија (ЕП во ракомет, Србија 2012)

Македонски навивачи во Ниш

Во вториот натпревар по групи на европското ракометно првенство во Србија, Македонија загуби од репрезентацијата на Германија со 24-23. Салата Чаир и на овај натпревар беше преполна и ечеше од песните на околу 4.000 навивачи. За жал тоа не беше доволно за победа на нашиот тим иако цело време имавме добра игра и поволен резултат.

Поразот делуваше разочарувачки за момент кај нашите ракометари и навивачи, но сега мислите мора да се пренасочат кон утрешниот решавачки натпревар со Чешка. Се очекува од Македонија да пристигне нов бран од навивачи, а во прилог ни оди и тоа што утре е неработен ден. Сите заедно утре навиваме уште погласно!!!

Објавено на 18.01.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар