Кригла Пиво

Македонците просечно консумираат 31 литро пиво годишно

Лингвистот и математичар, Jakub Marian кој претходно го анализирал животниот стандард, интелигенцијата и најчестите презимиња во Европа, сега се префрли на алкохол. Користејќи ги податоците од Светската здравствена организација за консумирање на алкохол тој изработи 2 мапи, една за пиво и една за вино со просечна косумација по глава на жител за секоја држава.

Според овие податоци, секој Македонец просечно пие по 31 литро пиво годишно и 21 литро вино. Како што може да се претпостави, најмногу пиво се пие во Чешка, Германија и Австрија со повеќе од 100 литри пиво годишно по жител. Виното најмногу се консумира во Франција, Португалија, Данска, Хрватска и Словенија.

Мапа на просечна консумација на пиво во Европа

Мапа на просечна консумација на вино во Европа

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

  1. Бобан April 22, 2016 во 8:15 am

    Податоците за вино несе ни приближно точни…Тоа се податоци за купечко вино…

    • Кригла Пиво April 22, 2016 во 6:18 pm

      Се согласуваме, но другите податоци нема можност статистички да се евидентираат 🙂

Додади нов коментар