Кригла Пиво

Макарони со кашкавал, сланина и пиво

Штом наидовме на рецептов, решивме да го споделиме со вас, поради самите состојки кои ни се синоним за поладното, есенско време. Па редно беше да ставиме нешто со сланинче и ние 🙂

Макарони со кашкавал, сланина и пиво

Потребни состојки:

  • 250 грама макарони (пожелно со помали форми)
  • 4 ленти сланина
  • 200 грама кисела павлака
  • 1 јајце
  • 2/3 чаша светло пиво
  • 200 грама рендан кашкавал
  • 2 големи лажици путер или масло
  • ½ мала лажица бибер
  • ¼ мала лажица црвен пипер
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

Во поголем сад со солена вода сварете ги макароните, онолку минути колку што пишува на самата ќесичка (времето на варење зависи од видот на макароните). Внимавајте да не ги преварите макароните, затоа што потоа ќе бидат премногу кашести и ќе ви бидат потешки за варење во стомакот.

Во меѓувреме сланината ја сецкате на парчиња и ја пржите на средна температура дури да зарумени и да стане крцкава. Ја вадите сланината од маслото и во истото масло ги ставате исцедените макарони да се пропржат. Совет плус: макароните поминете ги со ладна вода откако ќе бидат сварени, за да се одделат и да бидат полесни за пржење.

Пред да ги ставите макароните да се пропражат во остатокот од маслото од сланината, во посебен сад ги ставате пивото, јајцето и киселата павлака и мешате додека не добиете еднолична смеса.

Смесата од пиво, јајце и павлака ја додавате во макароните кои се пржат и мешате на средна температура. Постепено го додавате ренданиот кашкавал и промешувате, а на крајот ја додавате испржената сланина и зачините.

Добар апетит!

Рецепт и фотографија: thebeeroness.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар