Кригла Пиво

Мајсторско пиво од Прилепска пиварница

Мајсторско пивоМајсторско пиво е новиот бренд на пиво од Прилепска Пиварница како следбеник на Златен Даб и Крали Марко. Ова е уште едно светло пиво на нашиот пазар кое ќе се продава по исклучително ниски цени. Според менаџерите во Прилепската приварница создадено е како резултат на лошата економската ситуација во државата и желбата да се задоволат потребите за пиво на сите поединци. Амбалажата, како што може да се види од рекламниот постер, многу потсетува на Крали Марко пивото. За вкусот ќе апдејтуваме откако ќе го пробаме 🙂

Освен сопствените 3 пива, Прилепска пиварници ги увезува во Македонија и данските брендови Туборг и Карлсберг.

Update: Откако го пробавме може да заклучиме дека е доста лесно и пивко, но дефинитивно не е по наш вкус

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

3 коментари

  1. teknuvalo June 8, 2011 во 2:15 pm

    Ова за частење е арно ако е поевтинко така… ::))

  2. Krigla Pivo June 22, 2011 во 10:57 pm

    Па дефинитивно не е за частење дома бидејќи гостите ќе можат да испијаат многу пред да се опијанат и да си одат

  3. pivo June 24, 2011 во 12:32 pm

    Ова дури не е ни за калфа а камо ли за мајстор

Додади нов коментар