Кригла Пиво

Мајкл Џордан игра Beer Pong

Мајкл Џордан игра Beer Pong

Очигледно најпознатиот кошаркар на сите времиња решил да се проба во друг спорт каде што исто така треба да се уфрли топка…овој пат во чаша. Beer Pong кај нас не е често практикувана игра, но затоа во САД е доста популарна помеѓу младите лица. Фотографиите и видеото од 50-годишниот Џордан се направени во хотел во Мајами, а од нив може да се забележи дека сепак тој не ги познава добро правилата, па така лактото од раката не му се наоѓа зад таблата на која што се игра.

Мајкл Џордан е сопственик на НБА тимот Шарлот Бобкетс кој засега има просечен старт во новата сезона со 3 победи и 4 порази. Да се потсетиме дека претходно како професионалец се има пробано во уште еден спорт – бејзбол.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар