Кригла Пиво

Магнетен собирач на пивски капачиња

Магнетен собирач на пивски капачиња

Тешко беше да го смислиме вистинското име за оваа иновација на Kent Frayn за која што добил инспирација откако самиот настрадал од една пивско капаче. Новиот производ наједноставно може да се опише како магнетен отворач на пивски шишиња кој ги собира капачињата на него и не дозволува тие да бидат расфрлени низ вашиот дом. Се става на ѕид и може да стои веднаш до некоја закачалка или плакар.

Магнетен отворач

Оригиналното име на овој производ е „DropCatch“ и за само 3 дена после објавувањето на Kickstarter веќе има над 420 порачки, а до крајот до 4 јули сигурно ќе има многу повеќе. Брзото ширење најмногу се должи на објавите на популарните сајтови како Gizmodo, TechCrunch и Thrillist. Овој магнетен отворач ќе доаѓа во 2 варијанти, Senior кој чини 60 долари и ќе собира до 52 капачиња и Junior кој ќе собира до 15 капачиња и чини 40 долари.

Бидејќи бројката на нарачки е прилично голема, Frayn и неговиот бизнис партнер и поранешен цимер Joe Walsh ќе мора да ангажираат и локални работници за да го запазат датумот на испорачка кој треба да биде до месец октомври.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар