Оваа убава сончева октомвриска недела, решивме да споделиме рецепт за маринирани пилешки крилца и копани во лут сос со пиво. Се надеваме дека ќе ви се допадне рецептов и ќе споделите оценка подолу во коментар.

Потребни состојки:
- 1 килограм пилешки крилца и копани
- 1/3 чаша брашно
- 2/3 чаша светло пиво
- ¼ чаша соја сос
- 2 големи лажици мед
- ½ мала лажица чили во прав
- ½ мала лажица лук во прав
- ¼ мала лажица буковец
- ½ мала лажицa сол
- 1 голема лажица вински оцет
Начин на подготовка:
Измијте ги пилешките крилца и копани со ладна вода и исушете ги добро. Увалкајте го месото во брашното за да ги покриете сите страни.
Во посебен сад ставете го пивото, соја сосот, медот, чилито во прав, лукот во прав, буковецот, солта и оцетот, мешајќи добро за да добиете еднолична смеса. Увалкајте го пилешкото во сосот, покријте го садот со капак и оставете го во фрижидер 10-20 минути.
Во тава за печење, поставете алуминиумска фолија за подлога, а на неа поставете ги крилцата и копаните. Рерната загрејте ја на 220 степени Целзиусови и печете го пилешкото 10 минути.
Во меѓувреме сосот за маринирање на пилешкото ставете го во тенџере, на средно силна температура и варете, со често промешување, се додека сосот не згусне. Извадете го пилешкото од рерната, премачкајте го од двете страни со згузнатиот сос и вратете го назад во рерната да се допече, на истата температура, уште 10-15 минути.
Рецепт и фотографија: thebeerones.com





![10 рецепти со пиво [инфографик]](http://kriglapivo.com/wp-content/uploads/2013/04/pivo_hrana1-140x90.jpg)









http://pivskistomak.tumblr.com/post/33157924669/el-tequito-beer одлични искочија копаните, само малку пивото го утнав
Одлично изгледа, а сигурно било и навистина вкусно штом само едно копанче останало
Многу ти благодариме што ја сподели фотографијата.