Кригла Пиво

iPub: Лондонски паб овозможува нарачување пиво преку iPad

„The Thirsty Bear“, паб во Southwark, Лондон им овозможува на своите гости да си нарачаат пиво преку iPad и самите да си го наточат од поставените апарати што ги има на масите. Поставени се вкупно 15 iPad таблети и после купувањето на пиво преку нив, гостите сами си го точат пивото со што се скратува времето на чекање. Освен тоа, специјалниот софтвер на таблетите им овозможува да нарачаат преку него и од сите останати пијачки и храна во пабот како и да си изберат песна на поставениот џубокс.

Останатите порачки што ги прават гостите преку таблетите се испраќаат до персоналот преку WI-FI до нивните iPhone уреди кои им се врзани за рацете. Сите таблети се поврзани и на интернет, a oд менито за храна можете да си составите и порачате сендвич според ваш вкус. Во моментов нарачките се возможни со магнетните swipe картички кои што гостите можат да ги купат во близина на барот, а за во иднина ќе бидат имплементирани RFID картичките.

Според „Robot Pub Group“, откако се наместени и инсталирани таблетите во јануари, приходот е зголемен за 78% во споредба со ноември-декември 2011 година. Со тоа што гостите сами си се послужуваат со пиво, се остава повеќе простор на персоналот за подготвка на храната и коктелите кои вообичаено носат поголем профит. И покрај тоа што со оваа технологија бројот на персонал може да биде намален, сопствениците не размислуваат на таа опција и наместо да се борат со пониски цени тие изјавуваат дека се натпреваруваат со конкуренцијата со тоа што се разликуваат од нив.

Фото: Jon Yeomans

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар