Кригла Пиво

Награда за лојалност: 72 години го посетува локалниот паб секој ден

Arthur Reid, 90-годишен англиски пензионер од Warmley, од својата 18-та година редовно секој ден околу 15.00-15.30 часот го посетува локалниот паб The Griffin каде пие една до две кригли пиво од неговото омилено Courage bitter. На неговиот 90-ти роденден, пабот му посвети специјална плакета со неговото име која е поставена на неговата омилена столица каде испил околу 30.000 кригли. Освен столица со неговото име, тој од порано си има и своја кригла која во пабот му ја чуваат само за него.

Артур, кој го напуштил училиштето на 14 години за да стани градежен работник и никогаш не се оженил ниту имал деца, вели дека никогаш не паднал во искушение да пронајде друг паб каде ќе се релаксира и ќе поминува дел од своето време пиејќи пиво со своите пријатели.

Asia Matczak, сопственичка на пабот, за Артур изјавила: „Тој не дојде во пабот неколку денови минатата зима заради лошото време, но по правило доколку не се појави до 15.30 часот сите се прашуваме „Каде е Артур?“. Тој пешачи доста за неговите години, секој ден оди до продавницата и на враќање дома доаѓа во нашиот паб. Toј е пријател со сите. Сака да го слушаат и е еден од најљубезните луѓе што сум ги сретнала. Артур е навистина добар човек“. Таа пресметала дека тој досега има испиено околу 30.000 кригли пиво во пабот, со тоа што кога бил помлад пиел повеќе.

Една кригла Courage пиво чини 2.75 фунти, што значи дека доколку ги купил сите пијачки по денешната цена тој вкупно потрошил околу 82.500 фунти во овај паб. Сопственичката вели дека исто така го ангажирала Артур да ги проба новите пива кои што планирала да ги донесе во пабот. Доколку на Артур не му се допаднеле, таа не го земала тоа пиво за својот локал.

Фотографија: Adam Gray

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар