Кригла Пиво

Љубителите на пиво се посклони кон секс на првиот состанок

Луѓето што уживаат во пиењето пиво се посклони кон секс уште на првиот состанок, покажала анализата на огромниот број корисници и нивните интеракции на сајтот за запознавање OKCupid. Иако податоците се стари повеќе од една година, веруваме дека трендот е се уште ист и нема да ни се лутите што дури сега ги споделуваме со вас.

Повеќе од 80% од мажите и скоро 70% од жените што сакаат пиво би имале секс на првиот состанок, што во двете категории посебно е за околу 30% повеќе од сите корисници кои биле анализирани. Според Christian Rudder, основач на сајтот, пиењето или непиењето на пиво е најкорисниот индикатор за тоа дали луѓето се склони кон секс со личноста која штотуку ја сретнале.

Останатите прашања и заклучоци од анализата, особено тие за долготрајните врски не се интересни за нас. Заклучок, кога излегувате на состанок пожелно е да си прашате дали партнерот/партнерката сакаат пиво па да си знаете однапред на што сте 🙂

Објавено на 24.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар