Кригла Пиво

Ликер од пиво

Кригла Пиво December 28, 2012 Кригла Храна 1 Comment on Ликер од пиво

Претпоставуваме дека и кај вас е присутно предновогодишното расположение и дека се подготвувате за вечерта кога ќе ја дочекаме Новата 2013 година со пиво, руска салата, кифлички, свинско, пилешко, па и некое вегетаријанско јадење 🙂

Во духот на празничното расположение решивме да споделиме со вас рецепт за ликер од пиво кој ни го испрати нашата пријателка @LideMagde. Се надеваме дека овој ликер од пиво ќе ви се допадне и дека убаво и весело ќе ги поминете празнициве што следуваат.

Ликер од пиво и мента

Потребни состојки:

  • 500мл. пиво
  • 500мл. ракија
  • 250гр. шеќер
  • 1 екстракт од ментол

Начин на подготовка:

Сите овие состојки се ставаат во длабок сад и се промешуваат. Смесата се остава да отстои и повремено се меша се додека не се стопи шеќерот. Откако ќе се стопи шеќерот се полни во шише. Се сервира во мали чашки и служи како аперитив. Напомена, не очекувајте бојата да биде интензивно зелена како на сликата. На здравје и имајте весели празници!

Фотографија: www.drinkoftheweek.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар