Кригла Пиво

Лепче со пиво

Кригла Пиво April 23, 2012 Кригла Храна 1 Comment on Лепче со пиво

Брзо и лесно лепче направено со пиво. Воздушесто, меко и вкусно. Гостински пост на Ситно Сецкано.

Лепче со пиво

Состојки:

  • 3 шољи сенаменско брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 330 ml пиво

Измешајте ги сите состојки со лажица или вилушка додека не се соединат убаво. Префрлете го тестото во калап намачкан со масло и малку израмнете го.

Печете го лепчето во загреана рерна на 200°C oколу 40-50 минути, додека кората не се зарумени убаво. Проверете дали е готово со боцкање со нож во средината, ако ножот излезе чист, лепчето е испечено.

Лепчево може да стои меко 2-3 дена, завиткано во кеса. Многу е вкусно само намачкано со путер, а ние го јадевме и со чатни од лимон. Прсти да излижеш!

Лепче со пиво

Лепче со пиво

Лепче со пиво

Лепче со пиво

Автори: Ситно сецкано e блог за рецепти на две сестри опседнати со готвење и добра храна. Инспирирани од разни познати и не толку познати готвачи, блогови и кувари, сами ги готвиме сите рецепти, ги адаптираме состојките и ги фотографираме јадењата.
Освен на веб страната, можете да нé следите на твитер или да ја посетите нашата фејсбук страна.

Објавено на 23.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар