Кригла Пиво

Куќа од 50.000 пивски лименки

Куќа од 50.000 пивски лименки

Beer Can House е туристичка атракција во Хјустон, Тексас како прва куќа декорирана со повеќе од 50.000 пивски лименки, но и стаклени шишиња и сè што може да се поврзе со пиво. Куќата е дело на John Milkovisch кој имал голема колекција на празни пивски амбалажи и во 1968 година одлучил да ги искористи за украсување на својот дом. Во наредните 18 години, се до својата смрт го создавал ова ремек дело заедно со неговата сопруга Mary и со помош на соседите.

Куќа од 50.000 пивски лименки

Според пресметките, употребени се повеќе од 50.000 лименки за украсување на куќата, со тоа што секој дел од лименката си има свое место во целата креација. После смртта на Mary, куќата била преземена од The Orange Show Center пред десетина години кои што ја заштитиле и ја претвориле во туристичка атракција. Влезот во неа е 2 долари, додека користење на водич чини 5 долари. Се разбира, има и продавница за сувенири.

Размислете и вие како би можеле да ги рециклирате пивските амбалажи на интересен и креативен начин 🙂

Куќа од 50.000 пивски лименкиКуќа од 50.000 пивски лименкиКуќа од 50.000 пивски лименки

Повеќе фотографии можете да погледнете на Flickr.

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар